Muhammed Boztepe
04 Март 2020•Ажурирај: 05 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за внатрешни работи на Турција Сулејман Сојлу изјави дека бројот на мигранти кои ја напуштија Турција преку Едрене изнесува 135.844, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Сулејман Сојлу, на својот Твитер профил ги сподели најновите информации за бројот на мигрантите кои преминаа во Грција.
„135.844 мигранти преку Едрене ја напуштија Турција и преминаа во Грција“, истакна министерот Сојлу.