Ekipa
04 Јуни 2017•Ажурирај: 05 Јуни 2017
ЕДИРНЕ (АА) - Во рамките на полумаратонот наречен „Пријателство без граници“ организиран од страна на Здружението за пријателство меѓу Грција, Турција и Бугарија (TUYUB) група атлетичари ја поминаа турско-грчката граница без виза, јавува Anadolu Agency (AA).
Вкупно 507 атлетичари кои учествуваа на овој полумаратон тргнаа од турскиот град Едирне кон граничниот премин со Грција. Откако ја поминаа границата продлжија до грчкото гратче Кастаниес, а потоа од истиот правец се вратија во Турција.
На учесниците во полумаратонот на граничните премини не им беше извршена контрола за пасоши при влез и излез од државите, додека најголемо внимание на јавноста привлекоа двајца спортисти кои го трчаа полумаратонот во елегантни костуми својствени за деловни состаноци, но не и за спортски терени.
Победа во машка конкуренција ја славеше Султи Гуре Тимбре од Етиопија, додека во женската конкуренција првото место го освои Туба Бозкурт Батур од Турција.
Расим Ари, од Министерството за млади и спорт, истакна дека целта на оваа организација е јакнење на пријателските односи помеѓу овие земји.