Barış Gündoğan
25 Октомври 2019•Ажурирај: 26 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Началникот на Генералштабот на турската Армија, Јашар Ѓулер, оствари телефонски разговор со неговиот руски колега, Валери Герасимов, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тоа преку писмено соопштение објавено на Твитер го потврдија Вооружените сили на Турција (ТСК).
Ѓулер и Герасимов во телефонскиот разговор се осврнале на безбедносната состојба во Сирија, како и на актуелните теми.