Büşra Nur Bilgiç
25 Октомври 2019•Ажурирај: 26 Октомври 2019
АНКАРА
Министерот за здравство, Фахретин Коџа, изјави дека Турција ќе реконструира болница во Тел Абјад во Сирија, која била уништена од нападите на терористите на ЈПГ/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Членовите на ЈПГ/ПКК украдоа опрема и ги запалија просториите на болницата, при напуштањето на областа за време на антитерористичката операција на Турција во Сирија.
„Откако ЈПГ/ПКК го окупираше регионот, тие ја поделија болницата во Тел Абјад на две секции. Две третини од болницата беа наменети за лекување на членовите на терористичката организација и на цивилите им беше забранет пристап во оваа секција“, изјави Коџа за АА.
„Терористите ја запалија болницата, лабораторијата, операционите сали и акушерското одделение“, додаде тој.
„Денес ги испраќаме мобилните болници на нашето министерство во Тел Абјад и Рас ал Ајн. Ќе продолжиме со здравствените услови кратко во дворот на болницата и деловите од зградата кои се релативно сочувани“, изјави министерот.
Откако обновувањето на болницата ќе биде завршено, болницата ќе има 75 кревети.
Центарот на градот Тел Абјад беше ослободен од терористите на ЈПГ/ПКК на 13 октомври за време на воената операција на Турција.
Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.