Gökhan Yıldız
23 Март 2022•Ажурирај: 25 Март 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Во февруари Турција беше домаќин на зголемен број странски туристи, околу 200 отсто повеќе во споредба со претходната година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според веб-страницата за патување „Енујгун“, во февруари најмногу туристи во Турција дошле од Брисел, Франкфурт, Париз, Амстердам и Баку.
Петте најпопуларни линии во истиот месец се Брисел - Истанбул, Франкфурт - Истанбул, Париз - Истанбул, Амстердам - Газиантеп и Амстердам - Истанбул.
Министерството за култура и туризам соопшти дека бројот на странци кои ја посетиле Турција е зголемен за 186,52 отсто во однос на истиот месец од претходната година.
Според податоците на „Енујгун“, 15 отсто од вкупно продадените авионски билети во текот на минатиот месец се купени на 11 февруари.
Оркун Озкан, директорот за трговија на „Енујгун“, истакнувајќи дека бројот на посетители во Турција е значително зголемен во февруари во однос на минатата година, рече: „Почнавме да ги реализираме патувањата кои беа прекинати во последните две години поради пандемијата. Зголемувањето на бројот на европските туристи ги зголемува нашите очекувања, особено за летото. Нашата надеж за пролетните и летните месеци е голема.“