Muhammed Enes Çallı
05 Јули 2023•Ажурирај: 06 Јули 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Туркије денес во главниот град Анкара ќе одржи политички консултации со Пакистан, јавува Анадолу.
Според соопштението на турското МНР, на чело на турската страна ќе биде заменик-министерот Бурак Акчапар, а пакистанскиот тим за време на разговорите ќе го предводи министерот за надворешни работи Асад Маџид Кан.
„На консултациите ќе бидат разгледани сите аспекти на билатералните односи, како и регионалните и меѓународните случувања и ќе се разгледаат подготовките за идниот состанок на Советот за стратегиска соработка на високо ниво со пријателскиот и братски Пакистан“, се вели во соопштението.