Behlül Çetinkaya
25 Јануари 2021•Ажурирај: 26 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Денеска во Истанбул заврши 61. рунда технички преговори предводени од делегациите на Република Турција и Грција, јавува Агенција Анадолија (AA).
Тема на преговорите беше согледување на актуелната ситуација во регионот, како и можните потези во светло на последните случувања.
Делегациите постигнаа договор следната рунда разговори за отворените билатерални прашања да биде организирана во главниот грчки град Атина.
Меѓу членовите на турската делегација беше заменик министерот за надворешни работи на Турција, Серат Унал, и портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин.
Калин на Твитер објави дека во Истанбул продолжиле техничките преговори кои не се одржуваа изминатите четири и пол години.
„Сите проблеми можат да се решат, вклучително и оние во Егејското Море, со силното лидерство на нашиот претседател. Во потполност сме определени за тоа“, наведе Калин.
Тој исто така порача дека регионалниот мир и стабилност се во интерес на сите.