Erdoğan Çağatay Zontur
15 Ноември 2019•Ажурирај: 17 Ноември 2019
ДИЈАРБАКИР (АА) - Турската полиција денеска во антитерористичка акција на југоисточниот дел на земјата заплени повеќе од 5 тони марихуана, објавија официјалните претставници, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Полицијата во областа Дијарбакир, за време на турската операција „Киран“ заплени 5.038 килограми марихуана, 5.560 стебленца канабис и муниција“, наведоа локалните власти во соопштението. Се додава дека полицијата уништила две засолништа и неколку импровизирани експлозивни направи (IED).
Турција на 17 август оваа година ја покрена операцијата „Киран“ во југоисточниот дел на земјата, насочена против терористите на ЈПГ/ПКК во областите Ван, Хакќари и Ширнак. Десет дена подоцна во областите Мардин, Ширнак и Батман е покрената и операцијата „Киран 2“. Следуваа уште четири операции, а последната „Киран 6“ започна во средата.
ПКК ги финансира своите терористички активности преку недозволена трговија со дрога од 1980-тите години, а Интерпол проценува дека до 80 отсто од европскиот нелегален пазар со дрога го снабдува криумчарска мрежа под контрола на ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.