Selman Tür
22 Јули 2019•Ажурирај: 24 Јули 2019
БАТМАН (АА) - Турската полиција во југоисточниот дел на оваа земја во шлепер пронајде и заплени еден тон марихуана, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на борбата против терористичката организација ПКК и врз основа на разузнавачки податоци, турската полиција изврши најуспешна акција на заплена на марихуана на влезот во градот Батман.
Полициското куче трагач Маја откри тон марихуана која била скриена во ПВЦ-цевки, во шлепер.
Возачот на камионот е уапсен, а во тек е истрагата за случајот.
Одгледувањето и шверцот на марихуана и други опијати претставува еден од главните извори на финансирање на ПКК, која дејствува во планинските непристапни региони до кои нема пристап во југоисточниот дел на Турција и северот на соседните земји Ирак и Сирија.