Mümin Altaş
07 Октомври 2021•Ажурирај: 07 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Во операцијата спроведена од страна на Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ) во Метина, северен Ирак, неутрализирани се двајца терористи на терористичката организација ПКК/КЏК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од безбедносни извори, МИТ вчера спроведе операција во Метина.
За време на операцијата неутрализирани се двајца припадници на терористичката организација ПКК/КЏК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.