Ahmet Gençtürk
23 Декември 2020•Ажурирај: 23 Декември 2020
АНТАЛИЈА (АА) - Светот е во паника по појавата на новата варијанта на коронавирусот, за која се вели дека побрзо се пренесува, што предизвика нови ограничувања и забрани за патувања во многу земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
Додека научниците ширум светот собираат повеќе податоци дали новата варијанта има какво било влијание врз влошување и зголемување на симптомите, одговорот на антителата или ефикасноста на вакцините, турските медицински експерти побараа од луѓето да не се плашат, велејќи дека мутациите на вирусот се нормални.
Дерја Мутлу, виш медицински научник од Универзитетот „Акдениз“ во Анталија, рече дека мутациите се трансформација на гените кои се детектираат кај секое живо суштество.
Тврдењата дека новата варијанта е позаразна сè уште не се докажани, рече тој, додавајќи дека вакцинацијата е најефикасниот начин да се стави крај на пандемијата, заедно со почитувањето на социјалното дистанцирање и другите насоки.
Ата Невзат Јалчин, медицински научник од истиот универзитет се согласува со Мутлу, велејќи дека „рано е да се каже каква трансформација може да развие Ковид-19“.
Алпан Купесиз, исто така експерт од универзитетот, рече дека сè додека нема повеќе докази за тоа, терапијата за Ковид-19 ќе остане иста.