Ahmet Bayram
31 Јули 2017•Ажурирај: 01 Август 2017
ИЗМИР (АА) - Гизем Аџар Јавуз, жена-предприемач од Измир, разви систем со кој, благодарение на технологијата на 3Д принтери, без човечки допир и без употреба на шаблон, се исцртува посакуваниот дезен на пената од кафе, кој предизвика голем интерес од страна на кафулињата, туристичките агенции, канцелариите и хотелите.
Гизем Аџар Јавуз, директорка и еден од партнерите на фирмата која делува на полето на технолошки пронајдоци на Еге Технопарк, за АА изјави дека за време на својата магистратура на Универзитетот „9 Септември” во Измир, започнала со истражување на печатење врз база на храна. Подоцна формирала екипа со која започнала да работи на проект за печатари кои користат храна како средство за печатење.
Гизем Јавуз соопшти дека се патентирани различните изуми кои се пронајдени во текот на проектот, а еден од нив е технологија на печатење дезен врз пена од кафе, потенцијајќи дека овој пронајдок предизвикал голем интерес. „Технологијата на 3Д принтери ја адаптиравме за печатење врз храна. Во центарот за истражување и развивање работевме на машини кои нудат неограничени можности. Една од нив е овој печатач врз пијалоци. Кертриџите за боја кај овој печатач се полни со екстракти од кафе, со чија помош потоа се печати врз пената на пијалокот”, изјави Гизем.
Благодарение на оваа технологија, Гизем рече дека врз пената на пијалокот е можно да се отпечати текст, фотографија, лого или било каков дезен. Пронајдокот предизвика голем интерес од страна на кафулињата, туристичките агенции, канцелариите и хотелите, кои сакаат да им направат специјална промоција на своите муштерии.
„Благодарение на производот кој го развивме, можно е фотографијата која ќе ја направиме, преку интернет да ја испратиме до машината и истата, за неколу секунди, потоа да биде отпечатена врз вашиот пијалок. Доколку сакате да ѝ подготвите изненадување на вашата сопруга или девојка, повторно, со истиот метод можете изненадувањето да го претставите испишано или исцртано врз пената од пијалокот. Печатењето го правиме користејќи вода и природни прехранбени производи. Цената на призводот е од 2.000 долари, а цената се зголемува според бараниот хардвер. Досега продадовме 30 апарати, а имаме порачка за уште 300”, истакна Гизем Јавуз.
Таа нагласи дека се прва и единствена фирма во Турција која ги произведува овие машини. Додаде дека муштериите се многу задоволни кога врз пената од пијалокот ќе ги видат своите имиња или фотографии, со што кај муштериите се создава чувство на посебност.