Ekip
07 Февруари 2017•Ажурирај: 08 Февруари 2017
ТЕЛ АВИВ (АА) - Министерот за култура и туризам на Република Турција, Наби Авџи, по средбата со министерот за туризам на Израел Јарив Левин во Тел Авив изјави дека нема причина бројот на израелски туристи кои ја постуваат Турција не е 600.000 или дури и повеќе, јавува Anadolu Agency (AA).
Авџи е првиот турски министер кој го посети Израел по нападот врз турскиот хуманитарен брод Мави Мармара 2010. година. Израелските сили на 31. мај 2010. година изведоа напад на бродот Мави Мармара кој превезуваше хуманитарна помош за Газа. Животот го изгубија десет турски државјани, а нападот предизвика прекин на односите помеѓу двете земји. Нивната нормализација започна откако Израел се извини и најави оштета на семејствата на жртвите и овозможување на доставување на хуманитарната помош на Газа.
Министерот Авџи во текот на посетата истакна дека на состанокот со израелскиот колега разговараше за развивање на односите помеѓу двете земји во секторот на туризмот.
Министерот за туризам на Турција потсети дека Израел, токму како и другите земји на брегот на Средоземното море, е важен партнер во секторот на туризмот.
Како што рече разговарале за очекувањата во врска со двостраните посети на туристите од двете земји.
Турскиот министер Авџи рече дека минатата година таа земја ја посетиле околу 260.000 туристи од Израел.
„Нема причина бројот на туристи од Израел кои ја посетуваат Турција да не достигне 600.000, како што тоа беше случај порано, па дури и повеќе", рече Авџи и додаде дека се надеваат на зголемување на бројот на турските туристи во Израел.
Најави повторно покренување на Мешовита туристичка комисија и анализирање на можноста за соработка во секторот на туризмот и вложување на напори во отстранување на проблемите во тој сектор.
Авџи додаде дека секогаш ќе ги држи отворени каналите за дијалог за да на бизнисмените им се отворат можностите во секторот на туризмот.
Левин укажа на важноста на посетата на турскиот министер.
„Туризмот е најдобриот пат за воспоставување на комуникација помеѓу народите. Додека нашите врски се добри и регионот ќе биде постабилен. Бидејќи, мирот е во корист на двете земји", смета израелскиот министер Левин.
Тој истакна и дека е забележително дека со Турција започна нов период во секторот на туризмот.
Запрашан да ги прокоментира нападите на Израел на Газа, Авџи рече дека не верува дека Хамас ќе се обиде на нешто, додека е тој во Тел Авив и дека денеска се тука за да нешто слично не се случува. Исто така, истакна дека знае дека раководителите, без оглед дали се на Газа или на Израел, се доволно искусни да не бидат испровоцирани.
Освен тоа, Авџи е запрашан за усвојување на нацрт законот со кој е овозможено градење на нови еврејски населби кои се состојат од 4.000 стамбени единици на приватна земја на Палестинците на Западниот Брег, на што тој рече дека изгледа дека предметот ќе биде предаден на Врховниот суд.
„Мислам, се надевам дека Врховниот суд ќе донесе исправна одлука и дека ќе одлучи во согласност со меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации (ОН)", појасни Авџи кој додаде дека во текот на утрешната посета на Палестина ќе се состане со тамошниот министер за култура и туризам.
Истакна дека е ограничено она што тој може да го направи, но дека Турција на сите начини продолжува да работи на мирно решение на проблемот помеѓу Израел и Палестина.
Од друга страна, Левин, усвојувањето на одлуката за изградба на новите еврејски населби го оцени како исправно.
„Парламентот вчера јасно се изјасни. Тоа беше исправна одлука. Овој закон е усвоен преку демократски пат. Законите се усвојуваат на ваков начин. Се надевам дека Врховниот суд на Израел ќе ја усвои оваа демократска одлука и дека нема да работи нешто што не е исправно", додаде Левин.