Faruk Zorlu
28 Март 2019•Ажурирај: 29 Март 2019
АНКАРА (АА) - Пациентите во Турција кои не можат да стигнат до избирачките места ќе имаат можност да гласаат на претстојните локални избори оддома, соопшти турскиот министер за здравство, јавува Anadolu Agency (AA).
„За локалните избори в недела, пациентите кои се хоспитализирани или добиваат услуги на домашна нега, ќе бидат префрлени до избирачките места, додека мобилни гласачки кутии ќе бидат достапни за болните кои не можат да патуваат до избирачките места“, истакна Фахретин Коџа во текот на гостувањето во уредничкиот деск на АА во Анкара.
„Околу 12.000 хоспитализирани лица со право на глас ќе бидат пренесени до гласачките кутии за да гласаат. За ова ќе бидат задолжени вкупно 7.000 лица“, рече Коџа.
Во однос на законската регулатива за странските лекари, тој турскиот министер истакна дека лекарите можат да работат во градските болници ако е потребно.
Градските болници во Турција, исто така познати како градски болнички комплекси, нудат модерна здравствена заштита со висококвалитетна опрема и објекти, вклучувајќи сместување во хотел со пет ѕвездички.
Досега, девет градски болници се пуштени во функција во турските области Адана, Мерсин, Испарта, Јозгат, Кајсери, Маниса, Елазиг, Ескишехир и Анкара.
Се очекува во текот на 2019 година да се отворат уште два комплекса.