Tolga Albay
08 Јануари 2021•Ажурирај: 09 Јануари 2021
ИЗМИР (АА) - Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, истакна дека борбата против тероризмот е во најсилниот период во својата историја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Сојлу се обрати на подготвителниот состанок на Обласниот план за намалување на ризикот од катастрофи во Измир (İRAP).
Истакнувајќи дека 2020 година била тешка во однос на катастрофите, министерот Сојлу рече дека бројот на земјотресите во однос на 2019 година е зголемен за 43 проценти.
„Во 2019 година беа регистрирани 23.482 земјотреси. Додека во 2020 година евидентирани се 33.821 земјотрес, во однос на минатата година има пораст од 43 проценти. Додатокот за итна помош при природни катастрофи во однос на минатата година е зголемен за 10 пати“, нагласи Сојлу.
Осврнувајќи се на борбата против тероризмот во земјата,турскиот министер рече дека борбата против тероризмот е во нејзиниот најмоќен период во историјата.
„Ако безбедносните прашања на Турција ги опишеме како синџир, борбата против тероризмот е една од најважната алка во синџирот. Терористичката организација ПКК веќе има помалку од 320 члена. Всушност, бројот е различен, но ние тоа по некое време ќе го кажеме како ‘изненадување‘. И тие се заглавени во пештерите“, нагласи Сојлу.
Истакнувајќи дека турската нација треба да биде спокојна и дека планините веќе не се дом на тероризмот, Сојлу рече дека младината веќе нема да биде играчка на тероризмот и нестабилноста.
„Бидејќи нашата младина има што да му каже на светот, ние ја подготвуваме за тоа. Таа има што да гради, за тоа ја подготвуваме“, додаде турскиот министер за внатрешни работи.