Ahmet Gençtürk
08 Јануари 2021•Ажурирај: 08 Јануари 2021
ВАН (АА) - Турските безбедносни сили денеска приведоа 13 лица поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението издадено од властите, осомничените лица се приведени во истовремени операции започнати во главниот град Анкара и Истанбул во врска со истрагата подигната од обвинителите во источната област Ван.
„Координираните напори на турските полициски и жандармериски сили против терористичката група ќе продолжат“, се додава во соопштението.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.