Lale Köklü
18 Септември 2018•Ажурирај: 19 Септември 2018
ХАТАЈ (АА) - Турската разузнавачка служба (МИТ) и припадниците на жандармеријата му предадоа на правосудството девет терористи на ЈПГ/ПКК кои се уапсени во местото Раџо во подрачјето на сирискиот Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за терористи вмешани во убиството на двајцата турски војници за време на антитерористичката операција „Маслинова гранка“ во северозападниот дел на Сирија.
Припадниците на МИТ од Сирија ги предадоа уапсените терористи во Дирекцијата на жандармеријата во турскиот град Хатај.
Терористите денес, со зголемени безбедносни мерки, се предадени на правосудството на понатамошно процесуирање.