Metin Mutanoğlu
29 Август 2020•Ажурирај: 30 Август 2020
АНКАРА (АА) - МЕТИН МУТАНОГЛУ -
Турскиот потпретседател, Фуат Октај, упати апел до Европската Унија (ЕУ) за праведност во услови на тековните тензии во Источниот Медитеран.
Во интервјуто за Агенција Анадолија (АА) Октај рече: „Турција очекува правичност од ЕУ, никој не треба да очекува Анкара да направи чекор назад врз база на оваа правичност“.
Октај понатаму праша: „Ако Грците се обидат да ги прошират своите територијални води не е причина за војна, тогаш што е?“ нагласувајќи дека „земјата ќе ги заштити своите права на секој метар кубен во водите на Источниот Медитеран, без оглед на сè.“
„Неискрено е ЕУ да повикува на дијалог од една страна, а од друга страна да прави други планови во врска со активностите што ги спроведуваме на нашиот сопствен континентален гребен во Источниот Медитеран“, рече Октај.
Тој додаде: „Ние [Турција] добро го познаваме јазикот на мирот и дипломатијата, но нема да се двоумиме да го сториме она што е потребно кога станува збор за заштита на правата и интересите на Турција. Франција и Грција се меѓу оние кои ова најдобро го знаат.“
Грција го оспорува истражувањето на енергетските ресуси на Турција во Источниот Медитеран, обидувајќи се да ја ограничи поморската територија на Турција и нејзините права за истражување и покрај фактот што ниедна земја нема подолго крајбрежје на Медитеранот од Турција.
Турција испрати бродови за истражување на енергтските ресурси во границите на нејзиниот континентален гребен, нагласувајќи дека и Турција и Турската Република Северен Кипар имаат права во регионот.
Анкара претходно истакна дека енергетските ресурси во близина на островот Кипар мора да бидат поделени праведно помеѓу Турската Република Северен Кипар - која издаде лиценца на турската државна нафтена компанија „Туркиш петролеум“ - и администрацијата на кипарските Грци во Јужен Кипар.