Yıldız Aktaş
21 Октомври 2016•Ажурирај: 21 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, денеска во Анкара го прими министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД), Ештон Картер, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата во палатата Чанкаја во Анкара се одржа зад затворени врати и траеше еден час.
На средбата присуствуваа министерот за одбрана на Турција, Фикри Ишик и американскиот амбасадор во Турција Џон Бас.
Картер денеска ќе биде примен и од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.