Muhammed Enes Can,Murat Kaya
20 Октомври 2016•Ажурирај: 21 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - По утврдувањето дека програмерот Ихсан Т., поранешен вработен во Научно-технолошкиот истражувачки совет на Турција (ТУБИТАК), ја создал апликацијата „БајЛок“ којашто беше користена во шифрираната комуникација меѓу припадниците на терористичката организација ФЕТО, до судот е упатено барањето за негово притворање, јавува Anadolu Agency (AA).
Судијата Мехмет Шенај Бајгин од Бирото за тероризам и организиран криминал при Државното обвинителство во Истанбул продолжува да ја води истрагата поврзана со апликацијата „БајЛок“.
Според новите информации, се дознава дека е приведен програмерот Ихсан Т., кој ја изработил апликацијата „БајЛок“.
Осомничениот е приведен под обвинение за членување во терористичка организација.
Се дознава дека обвинетиот работел во Научно-технолошкиот истражувачки совет на Турција (ТУБИТАК), а подоцна бил помошник доцент на Универзитетот „Мармара“. По обидот за државен удар во Турција од страна на ФЕТО, бил повлечен од функцијата.