Ekip
12 Април 2021•Ажурирај: 12 Април 2021
АНКАРА
Претседателот на Владата на национално единство на Либија, Абдул Хамид Дбеибех со состанокот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја започна официјалната посета на Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).
По церемонијата на свечениот пречек со воени почести пред Претседателската палата во Анкара, во текот на која Дбеибех почесната гарда ја поздрави на турски јазик со поздравот „мерхаба аскер", започна состанокот на либискиот премиер со Ердоган зад затворени врати.
По средбата на Дбеибех и Ердоган планирана е средба на Либиско-турскиот совет за стратешка соработка на високо ниво, потоа потпишување на низа договори, а Ердоган и Дбеибех ќе говорат и на заедничка прес-конференција.
За колку значајна посета станува збор потврдува фактот дека во придржува ба премиерот Дбеибех во текот на дводневната посета на Анкара престојуваат пет заменици на премиерот, 14 министри, начелник на Генералштабот на Либија Мохамед ал-Хадад, и други владини функционери. Во Анкра претходно во текот на денот одржани се низа состаноци на министерско ниво.
Меѓу либиските министри што ќе бидат во придружба на Дбеибех ќе бидат министрите за надворешни работи, за внатрешни работи, економија и трговија, здравство, нафта, локална управа, финансии, промет, планирање, индустрија и рударство, животна средина, образование и уште двајца државни министри.