Jeyhun Aliyev
18 Ноември 2020•Ажурирај: 20 Ноември 2020
КАРС (АА) - Езерото Кујуџук во источна Турција, како познато место за екотуризам и рај на птици, годинава е домаќин на дури 110 вида птици, јавува Агенција Анадолија (АА).
Езерото, кое се наоѓа во подрачјето на Арпачај во турската област Карс, е заштитено со Рамсарската Конвенција, но целосно исушено минатата година. Сепак, благодарение на специјализираните активности на дупчење во областа што ја спроведува Гувернерството, неговата состојба е повратена.

„Канализационата линија на селото Кујуџук беше ставена во функција со цел да се спречи мешање на отпадни води со водата од езерото и 300 тони отпад да се транспортираат за време на процесот“, истакна Ресул Гок, обласниот раководител на Генералниот директорат за заштита на природата и „Национални паркови“.
Гок рече дека 27 литри вода во секунда биле испумпувани во езерото за време на активностите на дупчење.
„Од 28 декември 2019 година, вкупно 440 милиони литри вода се испумпани во езерото со пумпи за вода, и 612 милиони литри дождовна вода се слеа во езерото“, додаде тој.
Гок рече и дека е поставена и метеоролошка станица на брегот на езерото за следење на климатските промени.
Резерватот за див животински свет е меѓу најважните мочуришта во Турција и е меѓународно признато на 13. Рамсар место.
Рајот на птиците зафаќа површина од 416 хектари, од кои 245 хектари е езерото, и се наоѓа на 1.627 метри надморска височина.

Езерото Кујуџук оваа година беше домаќин на десетици илјади птици од многу видови кои мигрираат помеѓу Евроазија и Африка или остануваат краток период во регионот.
Езерото е домаќин на многу видови птици, меѓу кои и сабјарки, лисести гусковидни патки, црноврат нуркач, сколовранци и диви гуски, како и многу видови птици преселници.
Езерото е исто така многу популарно меѓу љубителите на фотографијата, како и од набљудувачите на птици.
Рамсарската конвенција, позната и како „Конвенција за мочуриштата“, е донесена во иранскиот град Рамсар во 1971 година и е меѓувладин договор што ја обезбедува рамката за зачувување и паметно користење на мочуриштата и нивните ресурси.