Ayşe Hümeyra Atılgan
10 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Најмалку 19 терористи на ПКК загинаа во воздушни напади извршени од страна на турските авиони во северен Ирак, соопшти армијата денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Турскиот Генералштаб се вели дека 19 терористи се неутрализирани во безбедносната операција во регионот Гара во северен Ирак.
Најмалку пет засолништа и логистички центар се уништени во операцијата, се вели во соопштението.
ПКК - која се наоѓа на листата на терористички организација од страна на Турција, САД, и ЕУ - ја продолжи својата 30 годишна вооружена кампања против Турција во јули 2015 година.
Повеќе од 300 цивили и околу 800 членови на безбедосен персонал загинаа. Околу 8.000 терористи на ПКК се неутрализирани.