Ahmet Salih Alacacı
13 Јануари 2019•Ажурирај: 14 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку тројца терористи на ПКК се неутрализирани во северен Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерство за одбрана на Турција во соопштение на Твитер објави дека во нападите спроведени вчера во регионите Зап и Синат-Хафтанин биле неутрализирани терористи кои планирале да извршат напади врз турските бази.
Турските авиони, исто така, за време на операцијата уништија засолништа и складишта на терористите.
Цел на воздушните напади во регионот се главно, терористите на ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.