Sena Güler
18 Ноември 2019•Ажурирај: 19 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Турските војници ги спроведуваат сите активности за воспоставување на безбедносна зона во северна Сирија во согласност со домашното и меѓународното право, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Како земја членка на НАТО, Турските вооружени сили се придржуваат кон меѓународното право, како и кон домашното право при сите активности за воспоставување на безбедносната зона“, се вели во соопштението.
„Етничкото чистење, хемиското оружје и етничката/религиозната дискриминација немаат место во нашите морални и културни вредности“, се додава.
Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.
Анкара сака терористите на ЈПГ/ПКК да се повлечат од регионот за да се формира безбедносна зона со цел безбедно враќање на околу 2 милиони бегалци.
На 22 октомври Анкара и Москва постигнаа договор според кој терористите на ЈПГ/ПКК ќе се повлечат 30 километри јужно од турската граница со Сирија, а безбедносните сили на Турција и Русија ќе вршат заеднички патроли во тоа подрачје.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.