Erdoğan Çağatay Zontur
22 Април 2019•Ажурирај: 23 Април 2019
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили денес приведоа 34 лица, меѓу кои и војници во активна служба, поради нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, која стои зад неуспешниот обид за пуч во Турција во 2016 година“, соопштија судски извори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Претходно, обвинителите во главниот град, Анкара, издадоа налози за апсење на 50 осомничени лица во Турција, како дел од истрагите за тајната мрежа на ФЕТО во рамките на војската“, изјавија изворите, кои побараа да не бидат именувани.
Од вкупно 50 осомничени лица, 35 се воени лица во активна служба.
Полицијата започна истовремени операции во 24 турски области за апсење на осомничените.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.