Ahmet Furkan Mercan
05 Јуни 2017•Ажурирај: 06 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Турските воздушни сили доцна синоќа уништија две засолништа на ПКК и едно складиште за муниција во северен Ирак, се вели во соопштението на војската, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека силите извршиле воздушен напад во областа Хакурк во северен Ирак, уништувајќи позиции на ПКК.
„Безбедносните сили запленија и еден митралез, една пешадиска пушка, еден RPG-7 ракетен фрлач, и 50 килограми амониум нитрат во подрачјето Кагизман, во североисточната турска област Карс“, се вели во соопштението.
ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ, ја продолжи својата децениска оружена кампања против Турција во јули 2015 година. Оттогаш, терористичката организација е одговорна за смртта на околу 1.200 лица, вклучувајќи жени и деца.