Ekipa
01 Март 2017•Ажурирај: 01 Март 2017
АНКАРА (АА) - Турските воздушни сили извршија нови жестоки удари на позициите на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека турските бомбардери гаѓале новооткриени позиции на терористите на ПКК на планината Кандил и во регионот Авасин-Басјан во северен Ирак.
Во нападите се уништени најмалку 16 пештери што терористите ги користеле како засолништа во карпестите планински предели.
Планинскиот појас Зур Тепе, Метина, Зап и Кандил во северниот дел на Ирак се смета за главна база на сепаратистичката терористичка организација ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ. Тоа подрачје терористите го користат поради поволната конфигурација на теренот за терористичките активности и кампови, и поради длабоката политичка и безбедносна криза којашто е на сцената во Ирак.
Покрај Турција и Ирак, ПКК дејствува и во северниот дел на соседна Сирија, каде што дејствува огранокот на ПКК, ПЈД/ЈПГ.
Станува збор за организација што својата воена кампања против Турција ја интензивираше во јули 2015 година, а досега во тие напади се убиени најмалку 1.2000 цивили и припадници на турските безбедносни сили.
Турските безбедносни сили спроведуваат опсежни акции против терористичките елементи.