Sarp Özer,Sinan Uslu
02 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - САРП ОЗЕР/СИНАН УСЛУ - Со цел пополнување на кадровските потреби, турското Министерство за одбрана оваа година во Турските вооружени сили ќе прими околу 43.000 војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Република Турција спроведува опсежен процес на пополнување на потребите од персонал во турската војска. Притоа приоритетно се води сметка тоа да биде квалитетен и образуван кадар со изразени патриотски чувства.
Во тој процес се спроведуваат обуки на новите регрути кои ќе ги потполнат испразнетите места во турската војска наместо инфилтрираните припадници на терористичката организаија ФЕТО, која на 15 јули 2016 година се обиде да изврши обид за воен удар во таа земја.
По тој предавнички обид за воен удар од турската војска се суспендирани вкупно 8.568 лица, меѓу кои и 150 генерали и 4.630 офицери.
Со цел пополнување на испразнетите места и задоволувањето на кадровските потреби, во Турските вооружени сили досега се примени 15.850 војници и службеници.
Ресорното министерство и оваа година во Турските вооружени сили ќе прими додатни 42.930 војници од различни звања.