Muhammed Nuri Erdoğan
16 Ноември 2019•Ажурирај: 18 Ноември 2019
ШАНЛИУРФА (АА) - Во согласност со претходно постигнатиот договор, турските и руските сили денеска ја изведоа седмата заедничка копнена патрола во североисточниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Оклопните возила на турската војска ја преминаа границата и се придружија на конвојот на руската војска кои понатаму продолжија во заедничка обиколка на сириското погранично подрачје источно од реката Еуфрат.
Турските и руските сили денеска ќе патролираат на подрачјето на Камишли - Дерик.
Патролниот конвој го следеа и беспилотни летала.
Турските сили на 9 октомври ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, источно од реката Еуфрат, со цел обезбедување на турската граница и формирање безбедносна зона за доброволно враќање на сириските бегалци во тоа подрачје.
Турција и Русија на 22 октомври во Сочи постигнаа договор за привремено прекинување на турската операција со цел повлекување на терористите на ЈПГ/ПКК од пограничниот појас на Сирија. Договорено е турските и руските сили заеднички да патролираат во тоа подрачје, а првата ваква копнена патрола беше реализирана на 1 ноември на подрачјето помеѓу Рас ал Ајн и Камишли.