Barış Gündoğan
27 Октомври 2022•Ажурирај: 27 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили денеска започнаа уште една антитерористичка операција во источниот дел на земјата, соопшти турското Министерство за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Операцијата наречена „Ерен Аблука есен зима-4 загинатиот специјалист наредник Бурак Тортумлу“ започна во областа Тунџели со 548 лица од безбедносниот персонал“, се наведува во соопштението на Министерството.
„Операцијата е со цел да се елиминира тероризмот во земјата“, се додава.
Туркије ги започна операциите „Ерен“ минатата година, именувајќи ги по Ерен Булбул, 15-годишно момче убиено од терористичката организација ПКК на 11 август 2017 година.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 лица, меѓу кои жени, деца и доенчиња.