Cankut Taşdan
03 Септември 2018•Ажурирај: 04 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили во изминатите седум дена неутрализираа најмалку 46 припадници на терористичката организација ПКК, меѓу кои четворица високи функционери во оваа терористичка структура, јавува Anadolu Agency (AA).
Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 27 август до 3 септември во земјата биле спроведени вкупно 2.290 антитерористички операции.
Во овие операции неутрализирани се 46 терористи на ПКК, од кои најмалку 26 се убиени, 8 се уапсени, а 12 ѝ се предадоа на турската полиција.
Уништени се најмалку 13 новооткриени терористички засолништа и запленето е поголемо количество оружје и документи.