Cemil Murat Budak
05 Јули 2021•Ажурирај: 06 Јули 2021
АНКАРА
Турските сили неутрализираа 2 терористи на ПКК во северен Ирак, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што Министерството го објави на својот официјален профил на социјалните мрежи се истакнува:
„Силно и решително, турските херојски вооружени сили продолжуваат да ги неутрализираат терористите на ПКК во нивните скривалишта. Нашите хеликоптери АТАК неутрализираа двајца терористи на ПКК откриени во регионот на антитерористичките операции „Канџа-Молња“ во северен Ирак.“
Припадниците на терористичката организација ПКК се кријат во северниот дел на Ирак, од каде планираат напади врз Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.