Barış Gündoğan
02 Јуни 2021•Ажурирај: 03 Јуни 2021
АНКАРА (АА) – Неутрализирани се 3 терористи на ПКК кои од иранска територија истрелаа ракети кон Тимот за откривање и уништување мини и експлозивни направи (METİ), кои имаа активности во областа Јуксекова во Хакќари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за национална одбрана на Турција преку Твитер соопшти дека од иранска територија биле истрелани ракети кон тимот на МЕТИ, кој ги расчистувал патиштата за да се осигура безбедноста на компаниите кои работат во изградба на модуларни бетонски ѕидови во Јуксекова.
Се додава дека тројца терористи на ПКК се неутрализирани.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 45.000 луѓе, меѓу кои има и жени и деца.