Yıldız Aktaş
01 Ноември 2019•Ажурирај: 01 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека тројца терористи на ПКК се неутрализирани од беспилотни летала во областа Кандил и Хафтанин во северен Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството се наведува дека во областите Кандил и Хафтанин се идентификувани тројца терористи на ПКК и дека со помош на беспилотните летала тие се неутрализирани.
На 27 мај Турција ја започна операцијата „Канџа“ против терористите на ПКК во северен Ирак. Според Министерството, оттогаш неутрализирани се над 400 терористи во северен Ирак.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.