Zehra Nur Düz
15 Септември 2021•Ажурирај: 16 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Четворица терористи на терористичката организација ПКК се неутрализирани од страна на турските сили во северниот дел на Ирак, преку границата, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите се неутрализирани со возила за артилериска поддршка и хеликоптери АТАК во зоната на операцијата „Канџа-Молња“, се вели во соопштението на Министерството.
Операциите „Канџа“ се серија офанзиви што Турција ги спроведува од 2019 година против терористичките организации во северен Ирак, особено ПКК.
Најнови се операциите „Канџа-Молња“ и „Канџа-Гром“ започнати овој април во зоните Метина и Авашин-Басјан во близина на границите на Турција.
Терористичката организација ПКК води кампања против Турција, која трае повеќе од 35 години.
Турција, САД и Европската Унија ја сметаат ПКК за терористичка организација, одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, вклучувајќи, жени, деца и новороденчиња.