Esra Tekin
16 Февруари 2024•Ажурирај: 22 Февруари 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа четворица терористи на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, пренесува Анадолу.
Информацијата преку соопштение објавено на социјалната платформа X ја потврди Министерството за одбрана на Туркије.
„Неутрализирани се четворица терористи на ПКК што се откриени во зоната каде што се реализира операцијата 'Канџа-катанец' во Северен Ирак“, соопшти Министерството на Х.
Во соопштението се додава дека антитерористичките операции во регионот ќе продолжат со решителност додека „не остане ниту еден терорист“.
Турските власти го користат терминот „неутрализирање“ за да имплицираат дека терористите се предале или биле убиени или заробени.
Во својата повеќе од 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучително жени, деца и бебиња.
Туркије ја започна операцијата „Канџа-катанец“ во април 2022 година за да ги таргетира засолништата на терористичката ПКК во северните ирачки региони Метина, Зап и Авасин-Басјан во близина на турската граница.