Şükrü Gündüz
10 Јануари 2022•Ажурирај: 14 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ
Најмалку петмина осомничени терористи на ПКК се приведени во истовремени антитерористички операции во Истанбул, информираат турски безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Антитерористичката единица на полицијата во Истанбул покрена операции со цел да се приведат осомничените кои се обвинети дека правеле лажни пасоши за членови на терористичката организација ПКК/КЏК, изјави извор кој побарал да остане анонимен поради ограничувањата за разговор со медиумите.
Полициските тимови за време на операциите што се извршија на 31 декември и 5 јануари во Истанбул, заплениле и дигитален материјал и документи на терористичката организација.
Терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, во својата терористичка кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.