Zehra Nur Düz
21 Мај 2019•Ажурирај: 21 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Турските воени авиони втор ден продолжуваат со нападите врз позиции на терористичката организација ПКК во северен Ирак, соопшти денес турското Министерство за одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Во воздушните напади на турските сили уништени се вооружени позиции, засолништа и складишта со муниција користени од страна на терористите на ПКК во подрачјето на Авашин-Басјан“, објави Министерството.
Во текот на вчерашниот ден, турските сили изведоа напади врз позиции на терористичката ПКК во регионот на Хакурк.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.