Süleyman Tunç
27 Мај 2019•Ажурирај: 28 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Според Министерството за национална одбрана на Република Турција, Турските воздухопловни сили извршија воздушни операции во северниот дел на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Како резултат на воздушните операции врз областите Гара, Хакурк и Авашин-Басјан, уништени се цели, како што се места за оружје, засолништа и депоа за муниција на терористите на ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.