Halil İbrahim Sincar
28 Август 2019•Ажурирај: 29 Август 2019
МАРДИН (АА) - Турските сили ја започнаа заедничката операција „Киран-2“ против терористичката организација ПКК во турските области Мардин, Ширнак и Батман, јавува Anadolu Agency (AA).
Заедничката операција „Киран-2“, започната во руралните подрачја на Мардин, Ширнак и Батман, ја водат генералниот жандармериски командант, генерал Ариф Четин, и началникот на полицијата, Мехмет Акташ, од подрачјето на Мидјат во Мардин.

Функцијата командант на операцијата на терен во Мардин ја извршува регионалниот жандармериски командант во Дијарбакир, Халис Зафер Коч.
Операцијата се реализира со цел фаќање и неутрализирање на терористите на ПКК, како и откривање и уништување на упориштата, засолништата и складиштата користени од страна на овие терористи.
Во рамки на операцијата учествуваат 117 оперативни тимови, кои се состојат од различни безбедносни сили, жандармеријата и полицијата.