Serdar Açıl
08 Мај 2016•Ажурирај: 09 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Турските воздухопловни сили започнаа жестоки напади на упориштата на сепаратистичката терористичка организација ПКК во северен Ирак при што уништени се голем број терористички засолништа, магацини со оружје и муниција, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван воен претставник за АА изјави дека турските напаѓачи утрово 2 - 4:30 часот по локално време ги гаѓаа упориштата на терористите на ПКК во северен Ирак во областа на планините Кандил, Гара, Метин и Зап.
Во операцијата учествуваа турски воени авиони од типот Ф-16 и Ф-4 2020, кои по успешното уништување на терористичките цели се вратија назад во турската база.
Планините Кандил, Гара, Метин и Зап се наоѓаат во северниот дел на Ирак, долж ирачко-турската граница. Станува збор за област за лулка на терористичкото движење ПКК.
ПКК се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и на Европската унија.