Kemal Karadağ
08 Март 2018•Ажурирај: 10 Март 2018
АНКАРА (АА) - КЕМАЛ КАРАДАГ - Судовите во Турција досега завршија 104 судски постапки против терористичката организација ФЕТО, која се суди за обидот за воен удар, и изрекоа затворски казни за вкупно 797 обвинети, вклучувајќи и доживотни затворски казни за 586 обвинети, јавува Anadolu Agency (AA).
Досега во судовите се започнати вкупно 283 судења во кои одговорните за обидот за пуч се изведени пред лицето на правдата.
Заклучно со денешниот ден се завршени 104 судски постапки во кои се изречени повеќекратни доживотни затворски казни за 253 обвинети. Меѓу нив се и 31 обвинет кои добија четирикратни, и четворица обвинети кои добија трикратни доживотни затворски казни.

Меѓу осудените на доживотен затвор се 22 поранешни генерали на турската војска, потоа 166 офицери, 31 подофицер, еден наредник, 17 регрути и четири воени инжинери.
Доживотни затворски казни добија 333 обвинети, а 211 обвинети се осудени на затворски казни во траење од една до 20 години.
Меѓу обвинетите на доживотен затвор се и шестмина поранешни генерали, 109 офицери, 46 подофицери, 51 наредник, 50 регрути и петмина полицајци.
Голем број се ослободени од обвиненијата за вмешаност во обидот за пуч.
Првата пресуда во рамките на судењето на пучистите на ФЕТО е изречена на почетокот од минатата година, а во последните неколку месеци се изречени десетици пресуди во завршените постапки.
Терористичката организација ФЕТО на чело со Фетула Ѓулен, со посредство на своите инфилтрирани припадници во државните институции, во јули 2016 година се обиде да изврши државен удар во Турција.
Во тој неуспешен обид пучистите убија најмалку 250 лица. Турција потоа започна опсежна борба против терористичката организација ФЕТО, што е формирана пред неколку децении, која под плаштот на верските програми ги злоупотреби верските чувства на луѓето за остварување на своите терористички планови.