Zuhal Demirci
02 Септември 2020•Ажурирај: 04 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција најостро ја осуди одлуката на списанието „Шарли Ебдо“ [Франција] повторно да објави навредливи карикатури за Веровесникот Мухамед, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Најостро ја осудуваме одлуката на списанието „Шарли Ебдо“ за повторно објавување на навредливи карикатури на Веровесникот што содржат непочитување на нашата религија и нашиот [божји] Пратеник“, рече портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксој.
Како што нагласи, оваа навреда и непочитување на муслиманите не може да се оправда преку печатот, уметноста или слободата на изразување.
Аксој рече дека и напорите на француските власти, особено на претседателот Емануел Макрон, да го објасни ова прашање во рамките на слободата на изразување, се неприфатливи.
Според неговите зборови, тие кои во секоја пригода се фалат дека се демократи и либерали треба да знаат дека ја донесуваат водата на млинот на новите генерации фашисти и расисти во Франција и Европа, користејќи такви расистички и дискриминаторски акции кои поттикнуваат ксенофобија и омраза кон исламот.
„Овој болен менталитет, кој секојдневно се обидува да маргинализира милиони муслимани кои мирно живеат мирно во својата земја, нанесува удар на општествената хармонија, единство и еднаквост“, рече Аксој.
Тој ги повика пријателите и политичарите во Европа да заземат јасен став против ваквите напади, кои во последно време се зголемуваат и се насочени кон светите вредности.
Браќата Куачи на 7 јануари 2015 година извршија напад врз редакцијата на францускиот сатиричен весник „Шарли Ебдо“, при што беа убиени 12 лица, а тие беа убиени во полициската акција.