Fırat Taşdemir
21 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во рамките на спогодбата помеѓу Турција и Русија, спроведена е петтата заедничка турско-руска копнена патрола во сириски Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството се вели: „Во рамки на договорот од Москва, спроведена е 5. турско-руска копнена патрола на Автопатот М4, во Идлиб, со учество на копнени и воздушни елементи.“
Според договорот, сите воени активности во Идлиб треба да завршат, и да се воспостави безбедносен коридор 6 километри на север и југ од клучниот Автопат М4.
Автопатот, познат и како пат Алепо - Ал Хасака, е оддалечен 30 км од границата со Турција.