Behlül Çetinkaya
29 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција остро реагираше за дозволата за организирање демонстрации од приврзаниците на ПКК во Австрија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Неприфатливо е да се дозволи терористичката организација со тие демонстрации да прави пропаганда, да се толерира употребата на симболите на терористичката организација и целта на демонстрациите да биде нашата земја“, се вели од Министерството.
Во соопштението се истакнува дека приврзаниците на ПКК неколку дена последователно организираат демонстрации во Виена, Австрија.
„Демонстрациите на терористичката организација ПКК и нејзините приврзаници неколку последователни дена е манифестација на неискреност во борбата против тероризмот“, се нагласува во соопштението.
Се наведува дека Турција реализира успешни операции против терористичката организација.
Министерството го осуди и тоа што при интервенцијата на австриската полиција повредени се Турци и оштетени се продавници што им припаѓаат на Турци.
Според соопштението на Министерството, Турција има остварено значителни резултати во операциите против организацијата и внатре и надвор од своите граници.
„Неприфатливо е да се дозволи терористичката организација со тие демонстрации да прави пропаганда, да се толерира употребата на симболите на терористичката организација и целта на демонстрациите да биде нашата земја. Овие напори за поддршка на терористичката организација ПКК [од страна на австриските власти], поради нашите успешни операции, се залудни“, се нагласува во соопштението.
Исто така во изјавата се подвлекува дека е неопходна вистинска борба против тероризмот за да се обезбеди јавниот ред и мир.
„Австрискиот амбасадор во Анкара ќе биде поканет во нашето Министерство за да ја изнесеме нашата загриженост во врска со демонстрациите на групите поврзани со ПКК во Виена во текот на четири последователни дена, како и загриженоста за насилството на австриските безбедносни сили врз турската младина“, со додава во соопштението на турското МНР.