Alp Özden
15 Ноември 2016•Ажурирај: 15 Ноември 2016
АНКАРА (AA) - Турската владеачка партија на правдата и развојот (АК Партија) на опозициската Партија на национално движење (МХП) и достави работна верзија на новиот Устав на Турција, потврди претседателот на МХП Девлет Бахчели, јавува Anadolu Agency (AA).
„Работиме на анализа на секој член на работната верзија на Уставот за да утврдиме што за нас е прифатливо. Потоа ќе биде формирана заедничка комисија на двете партии за да ги усогласиме ставовите и предлогот со измените на Уставот што поскоро да го доставиме до пратениците во Големото народно собрание на Република Турција", рече Бахчели.
Тој ја повика најголемата опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) активно да се вклучи во работата на уставните измени.