Kemal Karadağ,İsmet Karakaş
14 Јули 2021•Ажурирај: 15 Јули 2021
АНКАРА (АА) - ИСМЕТ КАРАКАШ / КЕМАЛ КАРАДАГ -
Од вкупно 289 судски постапки започнати во врска со обидот за пуч на терористичката организација ФЕТО на 15 јули 2016 година, за 288 е донесена одлука, а судењето продолжува за еден преостанат случај.
Според информациите собрани од репортерот на Агенција Анадолија (AA), државните обвинителства во Турција по обидот за државен удар на терористите на ФЕТО спроведоа над 100.000 истраги.
По завршувањето на истрагите, досега се заклучени 288 од вкупно 289 тужби подигнати против пучистите пред судовите. Судењето за случајот со Командата на Петтиот полк на Чанаккале сè уште трае.
Во предметите кои се завршени, осудени се вкупно 4.890 обвинети, од кои 3.000 на казна доживотен затвор.
Од обвинетите кои се осудени на доживотен затвор, 1.634 се осудени на казна тежок доживотен затвор, додека 1.366 на казна доживотен затвор.
Судовите осудија 1.890 обвинети на затворски казни со различно времетраење. Во завршените предмети, некои обвинети се ослободени. Првостепените судски пресуди по жалбите стигнаа пред Врховниот суд. Врховниот суд потврди 79 одлуки, а 41 одлука се поништени. Со тоа 83 предмети се затворени, а четири се завршени поради недостиг на правно дејствие. Што се однесува до 131 одлука, Врховниот суд продолжува со разгледување на жалбите.