İsa Toprak
17 Август 2021•Ажурирај: 17 Август 2021
АНКАРА (АА) - Бројот на жртви од поплавите во турскиот регион на Црното Море се искачи на 77, јавува Агенција Анадолија (АА).
Поплавите предизвикани од обилните врнежи од дожд го погодија регионот на Црното Море на северот од земјата минатата среда, при што загинаа 62 лица во областа Кастамону, се вели во соопштението на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Четиринаесет лица го загубија животот во областа Синоп, заедно со уште едно лице во областа Бартин. Лекувањето на седум лица продолжува во болниците.
Вкупно 341 лице во Бартин, 1.480 во Кастамону и 560 во Синоп се евакуирани во безбедни области, додаде Агенцијата.
Вчера, исто така, Агенцијата објави дека 47 лица се пријавени за исчезнати во Синоп и Кастамону.
Продолжуваат активностите за расчистување во областите погодени од поплавите, со околу 8.100 лица, 1.000 возила, 21 хеликоптер и 81 амбулантно возило.
Во петокот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го посети најпогоденото поплавено подрачје во Бозкурт, Кастамону. Ердоган објави дека погодените места се прогласени за зони на катастрофа за кои е предвидена владина помош.