26 Декември 2021•Ажурирај: 27 Декември 2021
МУШ (АА) - Висината на снежната покривка во Муш, на истокот на Турција, наместа достигнува и до четири метри, а надлежните екипи интензивно работат на чистење на патните делници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Екипите на терен го расчистуваат снегот од затворениот пат по снежните врнежи што достигнуваат и до четири метри.
Муш се наоѓа на истокот на Турција, во внатрешноста на регионот на Источна Анадолија кај масивот Таурус.
Градот лежи во котлината крај реката Мурат (притока на Еуфрат), на надморска височина од 1.400 метри.
Оддалечен е околу 70 километри западно од езерото Ван.